Кој хороскопски знак најмногу троши

Човек е вреден онолку колку што е способен сопствената енергија да ја претвори во материја. Тоа е често она чувство на вредност кое неретко се изразува преку материјалните работи. Всушност, создавањето и раѓањето на материјата датира уште пред да постојат финансиите. Тука збориме за оној егзистенционален сегмент кој ни дава чувство на задоволство и способност за уживање во материјалните добра.

Тука збориме пред сѐ, за нашите таленти да создадеме, како и способноста да стекнеме и сочуваме добра.

* Ако збориме за материјализација на добрата, мора да постои енергија. А материјализација на енергијата во астролошките записи оди преку Сонцето, Јупитер, Плутон и Венера, знаците со кои тие владеат, како и нивната симболика.

Меѓу претставниците на зодијакот кои најмногу трошат први ќе се истакнат Лавовите. Деца на Сонцето во центарот на Универзумот. Ова се оние ликови кои неумерено даваат, неумерено подаруваат. Ова се оние ликови кои сѐ што е скапоцено мора да го поседуваат. Ова се оние ликови кои се најсреќни кога трошат. Ова е пред сѐ богата генетика. Ова е генетика која во изобилие поседува. Ова е личност која во изобилие троши. Ова е личност која за скромност не знае.

Раскош, екстраваганција, луксуз, гламур, претерување, великодушност, галантност.

Приказната продолжува со Стрелците. Ова се творенија на Јупитер кои имаат константно чувство дека парите токму на нив им припаѓаат. Ова се пред сѐ ликови кои се убедени дека секогаш ќе имаат. Ова се оние ликови кои со радост трошат. Но ова се личности кои најголемата сатисфакција во трошење ја доживуваат во странство и на патувања. Ова е личност која заедно со Близнаците неумерено на книги и едукација знае да потроши. Ова е личност на која штедењето ѝ е непозната категорија.

Кога збориме за уживатели во трошењето тука се Биковите. Ова се оние боеми кои се насладуваат на сите плодови на овоземниот живот. Ова е генетика во чии корени страв од немање не постои. Ова се хедонисти. Ова е трошење на накит. Вреден накит. Ова се најубавите подароци… Но најважно од сѐ е што ова се оние личности кои пред сѐ, поседуваат финансиска стабилност, како и капацитет да ја одржат истата. Највисоката стапка на компетентност за финансиски прашања им припаѓа токму на овие претставници

Тука се и оние претставници кои најмалку важност на материјалното придаваат… Тоа се Рибите, Водолиите, Близнаците… Личности на кои финансиите просто им лизгаат низ раце, па најчесто се случува да ги изгубат или, пак, да направат лоша проценка поради недостиг од калкулативност кога се материјалните нешта во прашање. Ова се оние личности кои од своето ќе се откажат за на друг да му дадат…

Најимпулсивните трошачи во зодијакот се Овните, Скорпиите и повторно Близнаците и Лавовите… Во овој случај постои истакнат недостиг од такт во секаков облик, па со тоа и во материјалниот.

Да не ги заборавиме највнимателните и најпретпазливите трошачи во светот на Универзумот. Ракчиња, Девици, Ваги и Јарци… Да ги нема нив, останатите најверојатно би потрошиле сѐ!

*За да можете да множите, најпрво треба да делите… Финансиите, како и материјалните добра се сепак енергија која непречено треба да циркулира.

Ве сака Тамара до Јупитер

Колумна на тема: „Кој хороскопски знак најмногу троши“