Натална Карта

Наталната карта е “замрзната“ (фиксна) слика на планетите и ѕвездите за денот и моментот кога една личност се раѓа. Тие ѕвезди и планети се распределени во 12 хороскопски знаци и 12 полиња кои претставуваат животни области подеднакво важни за секоја личност. Замислете дека некој ја сликал “состојбата“ на небото во моментот на вашето раѓање. Тоа е всушност вашата натална карта.

Оттука може да заклучиме дека Наталната карта е screenshot од моментот на нашето раѓање, па со самото тоа и неменлива категорија низ годините.

Секоја натална карта без исклучок во себе содржи 12 полиња, 12 хороскопски знаци и 10 небески тела.
Во тие 12 полиња се сместени нашето здравје, семејство од кое потекнуваме, семејство кое го создаваме, комуникација, финансии, кариера, професија, предиспозиции или не за приватен бизнис, предиспозиции за живот во странство и сл., образование, пријатели, непријатели, емотивен потенцијал, љубов, брак, деца, сообраќај, поволности, неповолности и др.. Секое поле, практично се сместува во еден од хороскопските знаци.

За да се пресмета една натална карта, потребни се датум на раѓање, ТОЧНО време на раѓање и град во кој е роден поединецот.

По пресметувањето на наталната карта, и по основ на тоа кое поле во кој знак е позиционирано, понатаму, дали во себе полињата содржат небески тела или не, и каков меѓусебен однос градат планетите во наталната карта, добиваме слика како поединецот функционира и се справува во тие 12 животни области.

Наталната карта, како што е напоменато не може да се смени, но она што ние како индивидуи благодарение на Астрологијата можеме да го изменаџираме, активираме, повлечеме и сл., е состојбата на истите оние планети кои после нашето раѓање продолжуваат да се движат. Кога тие планети во својот процес на транзитирање допираат наши планети, наши точки, наши полиња – тогаш ги активираат настаните содржани во наталната карта. На тој начин се изработува ХОРОСКОП, на тој начин прогнозираме, на тој начин можеме да ѕирнеме во минатото, а и во иднината на еден поединец.
 Наталната карта ја покажува основата, предиспозициите и на некој начин базата кои ни се предодредени со нашиот момент на раѓање, а хороскопот како прогностички механизам во Астрологијата, укажува КОГА нештата што ни се прикажани/дадени ќе се случат. 

Важно! Наталната карта е потенцијалот на еден поединец, но иницијаторот на истиот тој потенцијал е исклучиво сопственикот на наталната карта…

Ве сака Тамара до Јупитер…