Да се живее во кожата на еден Стрелец
Ова е една комична ситуација. Ова е симпатична ситуација. Ова е насмеана личност. Ова е комична личност. Дури и интровертните представници на овој знак (кои верувале или не, постојат) се смешни, особено кога се лутат – па тогаш изгледаат како мали деца кои во лутина тропаат со едната нога, отсечно ја подигаат главата во вис, театрално напуштаат просторија, трескајќи ја вратата истовремено фаќајќи си го ракавот..
Е да, театрални се, иако нема да го признаат тоа… Само за разлика од Лавот кој чека на аплауз и одобрување на неговата соло-интерпретација, Стрелецот може и сам да си аплаудира, ма и не мора, тој знае дека сè е во најдобар ред.
Во состојба е со часови да збори во одбрана на своите филозофски, духовни, религиозни, политички, научни и низа други ставови и гледишта, да збори се додека неговите слушатели не попаѓаат во несвест прашувајќи се од каде му сила толку да збори, тој веќе почнува нова полемика. А во оние моменти кога немаат соговорници (што е реткост), не им е проблем да си најдат, па така ќе ги видите како си муабетат со продавач, со случаен минувач кој застанал покрај нив, во ред пред шалтер, со услужен персонал (редовно), па како на дете од 5 год. му соли памет за животот и младоста додека детево бледо го гледа, па на револтиран граѓанин (кој да не го гони закон, веројатно би уништил се наоколу во радиус од 3 километри), му кажува колку животот е убав и сл..
Ова е утилитарна личност.
Ова е светски патник.
Ова е полиглот.
Ова е филозоф.
Без филтер во говорот.
Ова е спонтана личност.
Ова е радосна личност.
Ова е вечен студент.
Стрелецот го доживувате, не го гледате…
Или го слушате…
Интересно е што и покрај сè се добри слушатели, особено кога им е забавно, во спротивно имаат вродена вештина да изгледаат како да ве слушаат. Критика прифаќаат како мотив (до оној момент додека ја памтат), а кога сме кај помнењето – злопамтила не се (освен кога во наталната карта постои нагласен елемент на скорпија, рак или јарец).
Она што многумина им го замеруваат, а некои не можат да им го простат е суровата директност, недостигот од такт и дипломатија (немаат проблем да упаднат некому сред збор, дури и да се работи за свеченост, ако се почувствуваат обесправени – самите тие, ставовите за кои се залагаат или некој ним близок), немаат проблем да ги наречат работите со вистинското име, па така, она што за еден Стрелец е реално и очигледно за некои е безобразно, невоспитано, недолично, неумерено и сл..
И нека не ве чуди доколку некое време после жестока расправија во која сте го повредиле, застане пред вас и ви се насмее или изнасмее (како сакате)… Не, не станува збор за амнезија или сенилност.. Едноставно така му е полесно да прејде преку одредена навреда и така го победи своето его со кое потајно води борба во оние моменти кога е сам или се чувствува така 😉
Затоа ја носат својата широка насмевка каде и да одат,
насмевка по која од далеку ќе ги препознаете,
насмевка со која ќе ве пречекаат и кога не им е дојдено до смеење,
насмевка која ги омекнала и најтврдокорните соговорници,
насмевка која во себе носи многу болка која нема да ви дозволат да ја видите…
Ова е патник кој ќе ве земе на патување, ако не буквално, тогаш низ комуникацијата со него, единствено што ви треба е добра кондиција…
Сепак, тука се да ви солат памет, особено кога најмалку ви треба,
Искрени, инспиративни, иницијативни, идеолози, иноватори, ингениозни, но и иронични, иритантни…
Сепак, тука се да ве насмеат.
Сепак имаат одговор на сè.
И приказна во ракав…
Непоправливи оптимисти…
Хаотични се, но збунети не се…
И трчаат… трчаат по автобус, по среќата, по виножитото (силно веруваат дека ќе го достигнат еден ден)… по правдината, по вистината, по поентата на животот, по суштината на проблемот… но никогаш по оние кои јасно им ставиле до знаење дека нема место за нив во нивните животи…
Не бара аргументи, доказ, патоказ, упатства, отчет, форма, рамка, смисла…
Квалитетно горделиви, а сепак рамноправни…
И грешник и светец,
И мангуп и џентлмен,
Никогаш тука, секогаш на пат,
Редовно отсутен, но доволно присутен,
Некогаш сам на себе доволен, но себеси ретко корисен,
Никогаш роб, но секогаш тука кога ви треба,
Никогаш сам, но и во толпа луѓе осамен…
И никогаш не ви е јасно што е тоа што сте го виделе кај еден Стрелец…
Што е тоа што остава траг без да допре?
Зошто безрезервно верува?
Зошто е наивен само поради тоа што сака?
Зошто не се плаши да сака?
Зошто излегува будала затоа што верува во добрината на луѓето?
Не знае ни тој самиот… ама ете го пак
Сепак се миленици на Универзумот…
Сепак се творение на Јупитер…
Сепак станува збор за потомци на аристократијата…
И нема да се срамат да го покажат тоа.
Ве сака Тамара до Јупитер…