Комплицираната страна од животот или Девица во хороскоп
Оној момент кога Творецот сакал да нѐ научи на вистинските вредности – ја создал Девицата.
Оној момент кога Творецот сакал да воспостави ред – ја создал Девицата.
Оној момент кога Творецот сакал да создаде креативен хаос и за истиот да нѐ критикува – ја создал Девицата.
Оној момент кога Творецот сакал на саркастичен начин да се пошегува со другите – ја создал Девицата.
Оној момент кога Творецот посакал да се уважи, почитува, пренесе и засака пишаниот збор – ја создал Девицата.
Ова е мудрост кажана во вистинско време.
Ова е „горка реч“ премолчена во вистинско време.
Ова се сите километарски разговори.
Ова се сите дискусии кои никако да завршат.
Ова се сите лекции кои доживотно се учат.
Ова е интелегенција која остава без збор…
Ова е чиста логика.
Но, ова се и сите замерки и критики.
Ова е и претерување во сопственото убедување.
Ова е и претеран сомнеж и истовремена наивност, по сопствен избор.
Ова е опсесија за совршенство.
Ова е и фатализам во детализирање на нештата.
Ова е волја која од незнаење се срами.
Ова е генетски наследен принцип за ред и дисциплина.
Ова се сите воспитани деца.
Ова е она дете кое чкрта по ѕидови, па еден ден професор станува.
Ова е синтеза на знаење и симболика и способност истата да биде пренесена.
Ова е потреба да се работи, создава и корисен да се биде.
Но, ова е и секое потиснато незадоволство кое преку ноќ напушта.
Аргумент – тоа е она што го бараат.
Практичност – тоа е она што сè.
Ова се сите оние кои со радост и раширени раце ќе ви помогнат знаејќи дека со тоа ве направиле или оставиле за нијанса подобри од претходно.
Ова е уреден маж.
Ова е стабилен маж.
Ова е срамежлив и воздржан маж.
Ова е маж кој мудро молчи.
Ова е маж кој за секоја сфера информација и мислење има.
Ова е прикриен романтичар кој од својата љубов се плаши.
Ова е тактичар и фасцинантен стратег.
Ова е систематичар.
Ова е маж кој за угледно семејство живее.
Ова е маж кој нема потреба да се експонира и фали за личните достигнувања.
Ова е благодарна личност.
Ова е благородна личност.
Ова е бистра личност.
Ова е прифаќање.
Ова е слика во која сожалувањето и простувањето стануваат проклетство…
Ова е жена која на малку се радува.
Ова е жена на која малку и треба.
Ова е срамежлива жена.
Ова е жена која никогаш не молчи.
Ова е промислена жена.
Ова е жена која од сопственото знаење се плаши.
Ова е лојална жена.
Ова е загрижена, но грижлива жена.
Ова е хаотична жена.
Ова е жена која од малку – многу создава…
Но, ова е и жена која без да се заврти ќе ве напушти ако тоа „малку“ не го добие…
Ова е куќа полна книги.
Ова се сите мудри мисли.
Ова се сите мисли напишани било каде.
Ова се сите графити кои длабока порака носат.
Ова е куќа во која владее ред.
Ова е аптека.
Или куќа со тенденција да изгледа како аптека.
Но, ова е задача која со сигурност ќе биде решена.
Ова е и хаос, за истата задача создаден, во кој единствено тие се снаоѓаат.
Ова е оној хаос создаден за да ги цениме деновите во кои сме задоволни.
Ова се всушност оние „комплицираните“ покрај кои учиме да се радуваме на „она малку“…
Ве сака Тамара до Јупитер…