Рак
Ограничени сме со она што го наследуваме!
Силно развиен колекционерски дух.
Зависност од сликата на предокот.
Зависност од сликата на минатото.
Зависност од сликата на семејството.
Грчевита поврзаност со еден родител.
Личност која својот избран пат го сака, без оглед каков е тој во очите на другите!
Проблем да се разграничи нежноста од нужноста…
Проблем да се одвои задоволство од обврските.
Поранешните обрасци на живеење, заменете ги со нови!
Спомените на минатото заменете ги со планови за иднината!
Празните ветувања од оние на кои премногу шанси им давате, заменете ги со лична реализација на истите…
Минимализацијата на „своето јас“, заменете ја со максимизација на личните желби!
Нелагодноста во сопствената кожа, заменете ја со љубов кон сопственото тело!
Мора да сте тука за сите… – Е, па, не морате!
Не секој што поминува низ вашиот живот заслужува статус „фамилија“!
Не секој што ве опсипува со комплименти е искрен со вас!
Не секој што ви се насмевнал ја заслужува вашата посветеност!
Не секој проблем на оние околу вас е и ваш проблем!
Не сечиј долг е и ваш долг!
Кој кому е всушност должен?
Исилениот авторитет наспрема блиските кој се јавува како страв од нивен неуспех, загуба или пораз, заменете го самодисциплина на умот во правец да секој одлучува и одговара за своите постапки.
Ве сака Тамара до Јупитер…