Девица

stickies-2852375_1920

Живот дефиниран од сопствените мисли!

Ред, работа и дисциплина – генетски наследен принцип на функционирање кој помага и штети, во зависност од тоа како, кога и на кого се применуваат…

Внимателно со истите.
Желбата да се биде корисен за општеството и оние кои сте избрале да ви стојат на глава еден ден ќе ви стане најголем непријател на чувството на лично задоволство…
Внимателно со истото!

Сочуство кое се бори со прагматичната страна на животот.
Имагинација која со мислите сака да управува.. или обратно?!
Личност која наместо за тупаница, ќе се фати за работа… 

Не постои некој што го сака она што работи како една Девица, меѓутоа, истата таа Девица треба да разбере дека таа пасија ја немаат сите…

Исфорсиран критицизам – дозволете си да згрешите и да згрешат!
Ова се сите непотребни детали на светот..

Ова е непотребно детализирање воопшто!
Ова се и сите детали од кои не треба да ви зависи секоја одлука!!!
 

Не секој ќе ја вреднува вашата посветеност – внимавајте каде ја фокусирате!
Не секој го интересира вашето мислење.
И не секој заслужува да го добие!

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter