Водолија
Поминувајте повеќе време со оние кои безрезервно се покрај вас!
Секој дел од Зодијакот е исполнет со различна фреквенција. Оттаму е и разликата во интензитетот на нашата енергија… Нашата брзина или пак претпазливост може да биде корисен но и деструктивен алат исклучиво во НАШИ раце…
Ако некому е дадено да управува со сопствената слободна волја, тогаш со сигурност тврдиме дека се тоа Водолиите. Кога збориме за некој кој сам си ги исполнува желбите и потребите, тогаш пак збориме за Водолиите. Ако збориме за некој кој сам својот пат го бира, повторно се тоа Водолиите. Внимавајте на истиот пат да не завршувате сами…
Внимателно со „слободата“ – ја имаат и посакуваат и другите.
Внимателно со отпорот против традицијата – сите имаме потекло…
Почекајте! – не се сите во времето во кое сте стигнале…
Но, не чекајте разбирање од оние кои не ни покажуваат иницијатива за истото!
Вашите идеали се само ваши – не очекувајте следбеници кои не гледаат во ист правец.
Она што на Водолиите им создадава проблем на патот кон успехот се лажни авторитети, самопрогласени индивидуалисти, медиокритети кои не ја разбираат ширината на вашиот ум, традиционалисти и пасатисти кои не подлежат на промени… но, она што всушност најмногу може да им создаде потешкотии е всушност нивен личен избор за истите тие да се дел од нивниот живот.
Ве сака Тамара до Јупитер……