Бик

iStock-914998738

Ништо не е доволно наше за да се изгубиме себеси!

Претерување во уживање.
Претерување во трошење.
Претерување во чувството на посед.
Претерување во давање емоција.
Претерување во удоволување на другите.
Претерување во попустливост спрема другите..
Да не претеруваме!

Она што всушност стои на патот на личното задоволство, но и незадоволство на еден Бик, е всушност потребата да се застане, преиспита, успори…
Континуирана потреба за стабилност, но и неможност за соочување со перцепцијата за истата состојба…

Континуиран конфликт да се одржат нештата – нека не биде тоа само ваша лична обврска!
Смисол за економија – пренасочете ја за реално потребните нешта!
Талент за создавање – искористете го за себе! 

Отфрлете ги уверувањата што од минатото ве ограничуваат.
Отфрлете ги грижите дали ќе имате даволно.
Отфрлете го стравот дали сте Вие доволни…

Стравот да се има и поседува, привлекува губиток…
Отфрлањето совет и критика ве држи во место…

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter