Јарец
Секој има свое време!
Кога збориме за овој дел од зодијакот, збориме за максимална афирмација и зенитот кој го постигаме. Разбирајќи го времето во кое живееме, ги разбираме и можностите да прогресираме.
Она што редовно стои на патот до успехот или неуспехот на еден Јарец е всушност одбивноста по автоматизам на се што не се вклопува во параметрите за „правилното“. Правилата се оние кои редовно ви помагаат, а уште поредовно одмагаат. На вас е да одлучите дали ќе бидете заробеник, покорник или проповедник на истите.
Желбата да се биде голем учител, носи обврска најнапред да се биде покорен ученик. Почитувајте ги авторитетите и оние кои постигнале многу. Почитувајте го времето кое треба да помине за да успеете. Почитувајте го и времето во кое се наоѓате без тенденција да го доведувате во ред… во ваш ред!
Благодарение на вас, многумина учат како да ги коригираат недостатоците кај себе. Внимателно при изборот на „воспитно-казнените“ методи кои во такви ситуации би ги примениле…
Ослободете се од потребата да управувате и држите под контрола.
Ослободете се од временската рамка која и со вас управува.
Ослободете се од критицизмот пред истиот да стане ваш најголем непријател.
Ослободете се од скептицизмот пред истиот да ги сруши и вашите соништа.
Ослободете повеќе време да уживате во она што вас ве исполнува…
Ослободете време за оние кои знаат да ја почитуваат вашата посветеност.
Ослободете време за спонтаноста која најмногу ве иритира.
Ослободете го детето во вас пред да биде доцна да сфатите дека го имате во вас.
Ве сака Тамара до Јупитер…