Стрелец

hammock-2036336_1920

Внимателно при изборот со кого го делите вашето време!

Ако на поголем дел од претставниците им поаѓа од рака да сокријат пораз, слабост, проблем, тајна… во овој дел од зодијакот гледате во личност која ниту знае, ниту сака, ниту се труди да прикрие или одглуми било што за да ја разубави сликата за себе или околностите во кои се наоѓа… Оттука еден тон слабости и недостатоци кои се на мета на оние кои успешно ги користат.. Оттука и нужна потреба да внимавате пред кого ги покажувате истите…

Личност која ретко губи вера во смислата на животот – внимавајте кога се расфрлате со истата…
Личност која ретко се сомнева во намерите на другите – внимавајте кому ја подарувате вашата искреност.

Личност која со полни гради животот го сака – но заборава дека истиот бргу поминува..
Личност која секогаш веселата страна од животот ќе ја гледа – за пречесто да заборава на сурово реалната страна на истиот. 

Не секој ја дели истата радост како вас.
Не секој се воодушевува на туѓиот успех како вас.
Не секој ќе го разбере наивниот оптимизам кој секаде со себе го носите.
Не секој и треба да го разбере.

Постојат и денови кога животот зема, а за Стрелците тогаш животот се претвора во лизгав терен.. 

Она што се разликува кај веселиот дел од зодијакот е всушност дека додека останатите пресатвници треба да се ослободуваат од она што им стои на патот до успехот, Стрелците заедно со Водолиите треба да научат да ги задржуваат нештата.

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter