Скорпија

iStock-1018840248

Не плашете се од изненадувањата кои ве очекуваат!

Страв од емоција.
Страв да се сака.
Страв да се спушти ѕидот создаден од други стравови.
Страв од манипулација.
Страв од искористување.
Страв од тоа да ви се доближат повеќе од што сте допуштиле.
Страв од контролирање, но, и страв од неможност вие да ги контролирате нештата…
 

Не е сè толку интензивно, свртено против вас, конспиративно, предавничко…

Премногу стравови за надминување…
Олободете ги сопствените емоции.
Ослободете се од проклетството на вашата меморија која во заробеништво ја држи вашата среќа.
Ослободете се од фанатизмот во следењето на деструктивните цели.
Заборавете на она што во минатото ве повредило.

Заборавете на казната која ја заслужил оној кој ве повредил… има кој да се погрижи за тоа.
Заборавете на упорноста и неоткажувањето кои често ве носат во непроменливи грешки.
Заборавете на годините кои во вашата перцепција треба да поминат за да надминете проблем…
 

Најдобар пријател или најтежок непријател! 

Ако некој во целиот Универзум знае вистински да сака и во оган да влезе за оние кои ги сака, тоа се токму Скорпиите… Внимателно со нивната толеранција. Уште повеќе, внимателно со нивната доверба.

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter