Риби
Се случува само она во што длабоко верувате!
Кога збориме за чувствителност, прва асоцијација се Рибите… Во контекст на содржината, тука збориме за чувствителност на сè што ја вознемирува сликата која сакаат да ја имаат, чуствителност на надворешни влијанија, чуствителност на сè она што ја црпи нивната виталност и енергија. А она што најмногу ја црпи истата, е всушност желбата да веруваат…
Не секој пријател е и ваш пријател!
Не сечија насмевка е искрена.
Не сечиј совет е добронамерен.
Не сечија тага е и ваша тага.
Соочувањето носи разочарување. Но, не секое разочарување треба да трае.. Оттука следи жртвувањето… но неретко се знае кој за кого всушност е жртва.
Не е проблем да се биде тажен… Проблем е кога истата таа состојба ви станува секојдневие и изговор за погрешни одлуки…
Ослободете се од потребата да чувствувате тага.
Ослободете се од потребата за изолација.
Ослободете се од потребата да ја избегнувате реалноста, колку и да е неправедна, за да не ви помине времето бегајќи од себеси и сè она што длабоко во себе го сакате.
Внимавајте со лажната креација за светот…
Не бегајте! – никогаш нема да увидите кој сакал да остане покрај вас.
Малку ви недостига за непоправливиот идеализам да го преточите во најпрефинет креативизам… Верувајте! Во себе!
Ве сака Тамара до Јупитер…