Како да разберете Риба

Чин 1
Темно ми е… Не гледам…
Кој го изгасна светлото??
Кој ми ја сокри светлината?
Вие, луѓето, вие, луѓето ми застанавте пред Сонцето!!!
 

Или можеби сонувам…  
Зарем има разлика меѓу сон и јаве? Јас сонувам постојано… Не знам за вас… А соништата?… Кога би знаеле сите вие кои утре ќе ме побарате дека јас веќе разговарав со вас… Ама и да ви кажам ќе мислите луд сум… Ќе мислите и дека сум луд за сите паранормални искуства кои ги имам… ќе го припишете тоа на моите стравови, на моите гревови… Ќе речете исплашен е…  пие… бега од реалноста… 

Па кај да одам? 
Ќе си одам.
Тука и онака никој не ме разбира…
Тука и онака никој не ми верува…
 

А јас, јас не лажам… Вистината е таа што ме плаши и ме принудува да ја преиначам.

Како може да не им верувате на овие личности? Како може да изгубите верба гледајќи ги во тие нивни крупни очи во кои попрво ќе се удавите одошто да ја дознаете причината зошто се често насолзени. Нормално дека не можете да им верувате кога 

Ова е вљубеник во љубвта.
Ова е уметност.
Ова е вљубеник во уметноста.
Ова е молитва.
Ова е молитва која лекува.
Ова е личност која се моли.

Ова е аналогна фотографија.
 

Чин 2

Зошто го запаливте светлото? Сега сите ќе ми ги видат лузните… Сите ќе видат дека плачев…

Јас само сакам мир..
Тишината ми ги дава одговорите кои вие ми ги прикривате…
Тишината е таа која е најискрена со мене…
 

Веројатно очекувавте одговор на горе поставеното прашање… Чекајте, мислевте дека ќе дознаете како се разбира Риба? Многу едноставно.. Одговор на ова прашање не постои. Затоа што ни самите тие не се разбираат, ниту пак сакаат да бидат сфатени.

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter