ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната на jupiterstories.com, и објаснува како Jupiter Stories (во понатамошниот текст “ние” ) ги користи вашите податоци, и се однесува на нашата веб страна jupiterstories.com. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци како полесно би разбрале кои информации ги собираме од Вас и како ги користиме тие информации. Исто така препорачуваме и повремено да ја проверувате истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Секоја измена ќе биде евидентирана.Со пристaпување или со користење на нашата веб страна се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна.
ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ
За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот како што се: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса и истите се доброволно поднесени од корисниците нa jupiterstories.com. Jupiter Stories не собира лични податоци за корисниците, освен ако не е за конкретна намена како што е извршување на нарачка.
УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Jupiter Stories нема да ги злоупотребува, нема да ги дава ниту открива личните податоци на корисниците, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Употребата на личните податоци ќе биде исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со корисниците. Сите податоци за корисниците се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија и истите се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ
Секој корисник доброволно ги дава своите лични податоци на Jupiter Stories и сам ги контролира информациите што ги дава. Доколку корисникот одлучи да не ги дава своите информации на Jupiter Stories треба да има во предвид дека некои делови од интернет страницата може да не бидат достапни.
КОЛАЧИЊА
Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење кои се корисни за прибирање на информации (не-лични податоци) како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на корисници на веб страницата и просечно време на употреба на веб страницата од страна на корисниците. Овие информации се снимаат автоматски и се користат за подобрување на содржината и функционалноста на веб страницата со цел прилагодување кон потребите на корисниците. Овие информации не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.
МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Jupiter Stories им препорачува на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Jupiter Stories никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.
ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ
Објавите во оваа Политика за заштита на лични податоци се однесуваат само за оваа веб страница. Кога ќе ја напуштите интернет страната jupiterstories.com Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги политиките за лични податоци на секоја интернет страна.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив.
Ве молиме контактирајте не на:
Jupiter Stories,
[email protected],
Тел. 071/ 250-642
ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ
Доколку има промени во нашата заштита на личните податоци, истите ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни. Последна промена: Април 2022.