Најчесто поставувани прашања
Кога е поволно да се прави анализа на Натална карта?
- По наполнети 18 години.
Дали Натална карта треба да се изработува пред роденден?
- Не. Изработката на Наталната карта не е условена со период на изработка.
Дали Наталната карта се менува низ годините?
- Не. Наталната карта е фиксна/неменлива СЛИКА на сѐ што се случило на небото во мигот на раѓањето на една личност.
Колку пати треба да се прави Натална карта?
- Натална карта кај еден астролог се изработува еднаш. Покрај анализа на Натална карта, постојат други астролошки анализи кои може да се повторуваат, како што е Соларната карта .
Што е потребно да се изработи Натална карта?
- Датум на раѓање, точно време на раѓање и град на раѓање.
Дали Соларната карта треба да се изработува пред роденден?
- Не. Соларната година се смета од роденден до роденден, но анализата може кога било да биде изработена.
Дали треба времето на раѓање да биде точно?
- Апсолутно ДА. Доколку времето на раѓање не е прецизно, нема да биде прецизна ни анализата.