Овен

Прв знак, прво поле, прв тим, прва радост, првак, пионер, предводник, провокатор, пролет, почеток → Овен. Кога би постоела единица мерка која одеднаш би измерила брзина, нагон, импулсивност, директност, избувливост, глад за докажување, жед за адреналин, акција, реакција – со сигурност би се викала Овен.

Бик

Ова е непокорна воља. Ова е неуморна воља. И ова не е тврдоглавост. Ова е упорност. Упорност на која може да и позавидиме… Голема е разликата од самоуништувачкото однесување, до трпението да се истрае. Од Биковите учиме за трпението… Од Биковите учиме за толеранција и разбирање. 

Близнаци

Ова е забавната страна од животот. Ова е незапирливата страна од животот. Ова се сите насмеани деца.
Ова е детски џагор.
Ова се сите деца кои низ игра животот го гледаат.
Ова се сите кои во душата се деца. Затоа се ова младолики луѓе. Но, ова се и сите кои страв од старост длабоко во себе носат.

Рак

Ова е нагласен патријархат.
Ова е уште понагласен матријархат. Ова е потреба за дом. Ова е потреба да се гради тој дом. Ова е потреба за семејство.
Но, најмногу од сѐ, ова е потреба за потомство.Ова е симбол на куќа.
Ова е куќа која со свои раце е подигната. Ова е секоја наследена куќа која како светост се чува.

Лав

Аплауз!!! Благодарам. 
Сега може да започнеме…
Оној момент кога Творецот одлучил да биде дарежлив – го создал Лавот. Оној момент кога Творецот одлучил да биде креативен – го создал Лавот. Оној момент кога сакал да ги заштити послабите – го создал Лавот. Оној момент кога е создадена суперлативната префиксација – сигурно било во чест на Лавот.

Девица

Оној момент кога Творецот сакал да нѐ научи на вистинските вредности – ја создал Девицата.Оној момент кога Творецот сакал да воспостави ред – ја создал Девицата. Оној момент кога Творецот сакал да создаде креативен хаос и за истиот да нѐ критикува – ја создал Девицата.

Вага

Вечно вљубената страна на Универзумот или Вага во хороскоп… 
Сакам да сакам или Вага во хороскоп

На овие претставници им припаѓаат два наслови, затоа што и самите не би можеле да се одлучат за само еден 

Кога љубовта би имала синоним – би бил во хороскопски знак Вага.

Скорпија

Кога гледаме во една Скорпија, гледаме во една состојба на вечна побуна, во генеза склона да страда… Гледаме во милитаризам, нихилизам, во тоталитаризам, но и утилитаризам… Гледаме во непокорна волја да се оди до крај, во непокорна волја да се истрае. Секако гледаме во состојба на непокор… Гледаме во најкристалниот рефлекс на одбрамбен механизам.

Стрелец

Ова е една комична ситуација. Ова е симпатична ситуација. Ова е насмеана личност. Ова е комична личност. Дури и интровертните представници на овој знак (кои верувале или не, постојат) се смешни, особено кога се лутат – па тогаш изгледаат како мали деца кои во лутина тропаат со едната нога, отсечно ја подигаат главата во вис, театрално напуштаат просторија, трескајќи ја вратата истовремено фаќајќи си го ракавот..

Јарец

Зошто Jарецот сака да биде сам?Добро, нема од прва да се согласат со ова, меѓутоа ќе ви кажат дека најдобро функционираат кога сами ги завршуваат задолженијата, кога сами плаќаат сметки, кога сами организираат, кога индивидуално се истакнуваат, кога не мора да ги делат или делегираат обврските на друг за да не ја работат истата работа два пати, па како резултат на ова често ќе ги чуете дека сè сами постигнале?!?!

Водолија

Денеска се тука, утре не се. Всушност, тука се тие секој ден, ама не ги гледате. Добро де, како сакате да ги видите кога вчера ветиле на 1476 луѓе дека ќе се видат со нив…? Плус приватноста која е императив. Па прекраток е денот. Би сакале и тие секаде да бидат, ама денот трае само 24 часа, за жал…  Додуша секаде и ќе ги видите, само покрај себе НЕ. Дома па, ич…

Риби

Чин 1
Темно ми е… Не гледам…
Кој го изгасна светлото??
Кој ми ја сокри светлината?
Вие, луѓето, вие, луѓето ми застанавте пред Сонцето!!!

Или можеби сонувам…  
Зарем има разлика меѓу сон и јаве? Јас сонувам постојано… Не знам за вас… А соништата?… Кога би знаеле сите вие кои утре ќе ме побарате дека јас веќе разговарав со вас…