Добредојдовте на местото каде што ѕвездите раскажуваат, планетите одговараат а универзумот потврдува… 

Почитувани љубители на небеската абецеда
Почитувани истражувачи на астролошката граматика
Почитувани уживатели на приказните од ѕвездите

Приказните од Јупитер се плод на сета ваша позитивна и убава енергија, на искреноста, лојалноста, оптимизмот и безрезервната доверба што со секоја натална ми ја укажавте, укажувате и ќе ми ја укажете, резултат на сите насмевки, трема, солзи, саати разговор поминати во непрекидна заедничка верба во Универзумот, на мноштвото поучни, мудри и неверојатни приказни кои имав среќа и чест да ги слушнам и толкувам изминатите 9 години… 

Мојата бескрајна благодарност ќе можете од денеска, секојдневно да ја читате на ова ѕвездено катче.

Ве сака до Јупитер, ваша Тамара Грујовиќ Дуковска