Вага

portrait-4628253_1920

Совршенството сепак постои. Или не?

Во овој дел од зодијакот, Творецот вешто ја споил убавината и формата – бидете внимателни при користењето на истите…
Сè она што сакаме да бидеме, сè она што во крајна спротивност не носи, го гледаме низ карактерот на овие претставници. 

Изразена свест да се биде поврзан со другите.
Уживање во тоа да се биде поврзан со другите
Високо поставена слика за убавата страна на животот.
Високо поставена слика за „позитивен имиџ“.

Уште повисоко поставена слика за совршената страна од животот…
Сè тоа во недостиг од храброста да се биде директен, да се одбие, да се соочи со суровата реалност, да се преземе одговорност… Па оттаму и постојана преокупација со туѓите желби, наместо со своите… 

Ослободете се од константната потреба да удоволите на желбите на другите.
Ослободете се од стравот да кажете НЕ…

Ослободете ја потребата за „потпора“ од друг.
Ослободете се од сите оние вештачки создадени контакти кои во страв од загуба ги одржувате. 
Ослободете се од оние кои ги будат вашите стравови од самотија.
Не држете ги по секоја цена оние кои ја собираат вашата енергија и го обременуваат вашето секојдневие.

Ведрината на вашата логика, љубезноста, најпрефинетата нежност и внимателноста, зачувајте ги за оние кои вистински ја заслужуваат…
Големината на убавата страна на љубовта зачувајте ја за оние кои ја заслужуваат…

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter