Вечно вљубената страна на Универзумот или Вага во хороскоп...
Сакам да сакам или Вага во хороскоп
На овие претставници им припаѓаат два наслови, затоа што и самите не би можеле да се одлучат за само еден
Кога љубовта би имала синоним – би бил во хороскопски знак Вага.
Ама и кога неодлучноста би имала синоним – со сигурност би им се припишал на нив.
Добро, не само на Вагите им припаѓа честа да сакаат, ама затоа, желбата да се сака, да се посакува, копнее, доживува, да се биде дел… потребата да се недостасува, да се биде потребен и да се бомбардира со емоции оној што се сака – тоа дефинитивно им припаѓа на овие претставници.
Кога збориме за овој дел од зодијакот, збориме за единствениот предмет што како симбол го претставува овој знак, па оттука секогаш ќе натежнува потребата нештата да се „опредметуваат“, поседуваат, имаат, да се негуваат, да не се даваат…
Кога збориме за овој дел од зодијакот, збориме за единствениот стремеж да нештата се соопштат на вистинскиот начин. Не реков реален, туку вистински начин и во вистинско време. Најчесто праведен начин, бидејќи правдата е редовно во нивни раце…
Ова е страв од расправии.
Ова е бегање од расправии.
Ова е страв од викање.
Ова е избегнување на проблемите.
Ова е анимозитет спрема сѐ што е невкусно.
Кога збориме за овој дел од зодијакот, збориме за една состојба во која акцентот секогаш е на совршеноста и постигањето баланс. А балансот никако да се достигне… Збориме за една непоправлива потреба да егото биде сочувано… особено во очите на јавноста…
Ова е максима од која тешко се отстапува.
Ова е навика од која никој не се ослободува.
Ова е комфорна зона од која на никој не му се излегува
Ова е вечна дилема и двојба меѓу семејство и кариера.
Ова е популарна жена.
Ова е отмена жена.
Ова е жена која владее.
Ова е жена која никогаш нема да ги извалка рацете.
Ова е жена која никогаш нема да ги извалка мислите и кажаниот збор.
Ова е жена достојна за љубов да збори.
Ова е жена достојна за мода да збори.
Ова е жена достојна за највозвишената слика на критериумот за убаво.
Ако ѕирнеме во генетиката, збориме за потомци на оние кои постојана потреба за јавно експонирање имаат. Ова е потисната и никогаш признаена потреба за слава. Ова е потреба да се биде забележан + дотеран
Тука збориме за сите облици на романтиката.
Тука збориме за уметност во тоа постојано да се освојува личноста која се сака.
Тука збориме за лудачка упорност да се дојде до личноста која се сака.
Тука збориме неопислива потреба да нештата се делат.
Тука збориме за вкоренет страв да се биде сам.
Тука збориме за маж кој овие особини гордо ги носи.
Тука збориме за маж кому единствен предмет на обожавање му е жената која тој избрал да ја сака…
Всушност, за Вагите и треба да збориме, затоа што тие го сакаат тоа.
Ова е најубавото лице.
Ова се префинети црти на тоа лице.
Ова е и префинет ерос.
Ова се најубавите очи.
Ова се очи кои секогаш убавата страна ќе изберат да ја видат.
Но, ова се очи кои претежно себеси во огледало се гледаат.
Ова се сите романтични преписки.
Ова се сите љубовни пораки.
Ова се и сите раскажани романси…
Ова се всушност оние кои веднаш ќе се пофалат кога имаат некого…
Ова се сите оние кои емотивното задоволство или незадоволство едноставно не знаат и не се ни трудат да го сокријат.
Ова е личност која секогаш ќе избере доминантен партнер, за подоцна истата таа доминантност да и стане неподнослива.
Ова се сите варијации на „сакам“.
Сакам да си тука.
Сакам да сме заедно.
Сакам да не си одиш.
Сакам да останеш.
Сакам да те сакам.
Сакам да сакам – рече Вагата и продолжи да се прашува дали е вљубена или не…?!
Ве сака Тамара до Јупитер…