Близнаци
Внимавајте што посакувате!
Енергијата напомената во воведот прилично често доаѓа до израз кај овие претставници…
Тука збориме за интелектуален капацитет кој може да создаде многу, но збориме и за некој кој со лични одлуки може да повторува една иста грешка уверувајќи се дека е на вистинскиот пат…
Вишок време – погрешно распределено…
Вишок теорија – премногу раскажана…
Вишок информации – на погрешни личности пренесени..
Вишок вистина – често нема за кого…
Вишок конфликти – непотребно иницирани!
Вишок хумор – неретко погрешно сфатен…
Вишок љубов – погрешно протолкувана…
Вишок забава – е, од забава никогаш доста!
Ако на еден Бик му недостига брзина, вам ви е проблем да успорите…
Јазик побрз од мислите, мисли побрзи од разумот, разумот побрз од настанатата состојба…
Мислите и знаењето се скапоцени – не расфрлајте ги на оние кои вредност не им даваат…
Прашувајќи да помогнете на другите, заборавате да си помогнете себеси!
Ова е знаење што чека на искуство, кое навремено неискористено, не носи ништо…
И никогаш, никогаш не дозволувајте детето во вас да го „пораснат“ оние кои ведрината на вашиот дух не ја познаваат..
Ве сака Тамара до Јупитер…