Лав

three-3075751_1920

Внимавајте на шансите кои се создаваат!

За некои прилики нема да имате втора можност. Можеби токму моментално избраната професија е вистинската, можеби моменталниот партнер е баш тој вистинскиот… Можеби токму таа личност што е покрај вас вистински ве сака. Можеби токму оваа година е вистинската за да вашето его остане на страна од личното задоволство. Можеби токму вие треба да сте промената која очекувате да ја видите кај другите…

Не земајте ги работите „туку така“… Не дозволувајте луѓето да заминуваат… Не губете го своето, а и времето на оние околу вас. Толку многу можете да научите и дадете во љубовта, ако сте само доволно искрени спрема самите себе…

Ако за нешто со сигурност може да заклучиме дека им стои на патот на комплетната среќа или несреќа на овие претставници е гордоста од која никако да се растеретат…

Внимавајте својата огромна енергија кому ја посветувате.
Внимавајте слободно време со кого го делите…
Ослободете се од стравот дека еден неуспех е конечна одредница за вашиот успех…

Ослободете се од потиснатата амбиција да сте како оние кои во вашите очи лажно се преставуваат!!!
Заменете ги сите аплаузи на светот со искрени луѓе покрај себе!
Заменете ја туѓата изглумена восхит со топлината на вашата душа која секогаш ќе имате кому да ја подарите!

Ве сака Тамара до Јупитер…

Facebook
Twitter